Најпребарувана тема на „Гугл“ во 2015 година е Лемар Одом

Несреќата на поранешната НБА ѕвезда, Лемар Одом е најпребарувана тема на интернет пребарувачот „Гугл“ во 2015 година, соопшти денес какомпанијата.
По него е поранешната ултимејт фајт шампионка во бантам верзијата Ронда Роузи, како и Кејтлин Џенер, поранешниот дедо на Ламар Одом, кој годинава го промени полот.
Одом во октомври годинава е пронајден без свест на подот на една јавна куќа во Невада. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс падна во кома бидјеќи користел алкохол, кокаин и сексуални стимуланси.
Интересирањето за Одом ги засени смртоносните напади во Франција во јануари врз сатиричниот магазин Шарли ебдо, но и играта за мобилни телефони „Агар.ио“.
За Одом пројавија интерес и оние кои не се љубители на спортот бидејќи тој во 2009 година беше оженет за ријалити ѕвездата Клои Кардашијан.
Трагедиите привлекуваат најмногу пребарувања на интернет, бидејќи минатата година најбарана тема беше самоубиството на актерот Робин Вилијамс.
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
