Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев

Руски ракети и дронови го опустошија украинскиот главен град рано утрово, при што загинаа најмалку девет лица, а повредени се 46 луѓе, соопшти на Телеграм шефот на киевската градска воена управа, Тимур Ткаченко.
Спасувачките тимови извлекуваа станари од зградите оштетени во ноќниот напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Меѓу загинатите се и две лица чии тела спасувачките служби ги извлекоа од тешко оштетена станбена зграда во историскиот кварт Подилски, информира Ткаченко.
Само во историскиот кварт Подилски погодени се четири станбени згради, изјави шефот на воената управа.
Спасувачките тимови ги евакуираат станарите од урнатите станови од двете страни на таа зграда, соопшти Кличко.
„Од зградата во квартот Подилски, каде што дојде до делумно уривање, спасувачките тимови евакуираа 15 лица“, напиша градоначалникот, додавајќи дека од повисоките катови на зградата се спасени три жени и шест деца.
Две лица загинаа во квартот Дарницки на истокот од градот, каде што делови од дрон погодија 25-катна станбена зграда, изјави Кличко. Спасувачките тимови спроведуваат акција за спасување на станарите кои се заробени на повисоките катови од зградата.
Пожар зафати и 30-катен облакодер во тој кварт, каде во четвртокот загинаа голем број луѓе кога руските сили го нападнаа градот со стотици дронови и десетици ракети, убивајќи најмалку 30 лица.
Низа експлозии се слушнаа во главниот град и околината, изјавиле сведоци, додавајќи дека противвоздушната одбрана дејствувала против руските дронови.
Во соседна Полска накратко полетаа борбени авиони како превентивна мерка.
Претседателот Володимир Зеленски претходно ги предупреди жителите на Киев за претстоен руски напад.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
