На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата - информира АМСМ.
Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
