Н1: Студентите на протестот на 28 декември собираат потписи за барање предвремени избори

Студентите на денот на најавениот голем протест, 28 декември низ Србија ќе собираат потписи за да побараат вонредни парламентарни избори, јави Н1 повикувајќи се на извори во студентските кругови.
„Имавме обука за волонтери и теренски кампањи, низ кои треба да поминат што е можно повеќе луѓе, за да бидат подготвени да ја посетат цела Србија кога ќе бидат распишани изборите“, тврдат студентите за Н1.
Според нив, со такви потези сакаат да испратат три пораки – сила и организација, конкретна поддршка и мобилизација.
Студентите сакаат да покажат дека имаат теренска мрежа што може да извршува логистички тешки операции, што е проба за вистински избори и да им дадат поддршка на луѓето кои досега се бореле и да покажат „дека не ги оставаат своите луѓе на цедило“.
Целта е пасивните набљудувачи да се претворат во активни учесници бидејќи, како што наведоа, потпишувањето е првиот чекор кон гласање. За подоцна, како што наведуваат тие планирани се понатамошни акции со цел да се вклучат што е можно повеќе луѓе во активностите на студентското движење.
МИА
Ново на Сител
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
