МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто.
Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик.
-Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на ул.„Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди - информираат од МВР.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и пронајден бил ножот со кој било извршено кривичното дело и бил предаден на вештачење, а по преземени мерки пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
-

Од 1 октомври граѓаните кои сакаат може да дадат согласност кај матичен за дарување на органите по смртта
-

Поплавени улици по силното невреме во Скопје - Комуналните екипи на терен
-

Пропаднаа измените на Изборниот законик, СДСМ ги блокираше со 10.000 амандмани
-

Реконструкцијата на Владата е заокужена - ресорите се поделени
-

Не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија – порака од трибината „Разговори за иднината во 12:05“
-

Група млади малтретираат девојче - ново вознемирувачко видео со врсничко насилство во Аеродром
