Македонија
1. July 2026 - 16:47

Група млади малтретираат девојче - ново вознемирувачко видео со врсничко насилство во Аеродром

Ново вознемирувачко видео со врсничко насилство се појави на социјалните мрежи. На смимката се гледа како група млади малтретираат малолетничка. Додека врсничка и удира шамари и го влече за коса девојчето, останатите меѓу кои и момчиња навиваат и снимаат со мобилен.

Според објавите настанот се случил во скопски Аеродром.

Од МВР информираат дека за случајот до сега нема пријава во СВР Скопје. Се преземаат мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Ова е само еден од низата случаи на насилство меѓу млади последниот период кое е споделено на социјалните мрежи. Според психологот Мирјана Јовановска Стојановска, ваквото однесување на младината е излезено од контрола и  е одговорност на сите нас. Треба да размислиме како сме влијаеле да дојде до тоа.

  • Сите заеднички би требало да размислиме што е следното што треба да го направиме. Не е доволено само еден сегмент, родителите или училиштето. Тоа е сложена комплицирана интеракција од сите елементи како функционира општеството, изјави Мирјана Јовановска Стојановска, психолог.

За да се намалат ваквите инциденти со меѓуврсничко насилство во населбите како една од превентивните мерки е да се врататат полицајците позорникари, смета психологот.

  • Една убава карика од ланецот која треба да се обнови кај нашата младина. Да знаат дека постојат чувари на редот и законот. Луѓе кои се тука за нас, за нашата безбедност, на кои може да им веруваме, да се пожалиме, вели психологот Мирјана Јовановска Стојановска.

Пред 2 месеци за малтретирањето на 13 годишно девојче во Ѓорче МВР поднесе кривични пријави за насилство на 4 малолетнички, но и за нивните родители.