Македонија
12. October 2023 - 16:35

Може ли Македонија да стане една изборна единица до следните избори?

На речиси 7 месеци пред изборното соочување се актуелизира прашањето – може ли Македонија да стане една изборна единица?

Од Демкоратски сојуз повикуваат Собранието да ја продолжи постапката за носење на предлог измените поднесени пред две години, кои веќе ја поминаа првата фаза. Ист е ставот и на ДОМ кој ова прашње го постави како услов за да остане во владината коалиција. Според двете партии време до изборите има, ако има и политичка волја.

Дали сепак Македонија ќе биде една изборна едниница најмногу зависи од ставот на поголемите политички партии. Декларативно сите се за. Од СДСМ велат дека нивниот став е непроменет, поддржуваат воведување на една изборна единица, но сметаат дека ова прашање треба да се донесе со консензус.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека со месеци го чекаат ставот на коалициските парнери за ова прашање

Јасно е дека одлуките не се носат на ниво на работни групи, туку зад кулисите во политичките партии на власта, а ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа да биде декор на таков форум. ВМРО-ДПМНЕ е за една изборна единица, е за поголема репрезентативност на изборите, е во насока со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но инсистира да го слушне ставот пред се на ДУИ, Алијанса на Албанците и особено СДС, којшто им ветуваше на помалите коалициски партии измена и воведување една изборна единица, вели опозициската партија.   

Различни ставови на ова прашање имаат и албанските пратии. Нивните предлози се движат од воведување 3 па се до 8 изборни единици.

Паралено со процесот кој е започнат во Собранието,  измени на Изборниот законик подготвува и работната група која правда ја формираше пред 6 месеци.

Текстот од денеска се поднесува до политичките партии, но само во насока на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а не за измени на изборниот модел.

Клучната забелешка од ОБСЕ/ОДИХР која Македонија ја добива после секој изборен процес е во насока Изборниот законик да не се менува најмалку 6 месеци пред изборниот процес.