ММА признат како официјален спорт во Македонија

Министерството за спорт официјално ги призна Мешаните боречки вештини (ММА) како легитимен спорт во Македонија. Со оваа одлука, земјата станува четвртата земја во Европа што го признава ММА како официјален спорт.
Ова признание е резултат на долгорочна посветеност, страст и исклучителни успеси на македонските борци на домашната и меѓународната сцена. Особено ги истакнуваме постигнувањата на клубот "Д Стронгест", Даниела Алексовска, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски.
Во последниве две години, тие донесоа чест и респект за нашата земја на меѓународната ММА сцена како и безброј победи, двајца европски прваци и бронзен медал на Светското ММА првенство, споделија од Македонската ММА Федерација.
Со официјалното признавање е формирана Македонската ММА Федерација, на чие чело е Ивица Алексовски, со преку 30 години искуство во развојот и промоцијата на боречката сцена.
Во духот на ова ново поглавје, се најави и најголемиот ММА спектакл досега во Македонија. Настанот ќе се одржи на 6-ти септември, организиран од страна на Македонската ММА Федерација и промотерската организација АРММАДА, градот Скопје ќе биде домаќин на врвни борци од Македонија и целиот свет.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со претседателот на Македонската ММА Федерација, Ивица Алексовски, најавија дека како специјални гости на настанот ќе бидат поканети некои од најголемите ММА имиња денес, како што се Александар Волкановски, Александар Ракиќ и Педи Пимблет.
Најавени беа и неколку македонски ММА борци кои ќе влезат во октагонот, меѓу кои се Горјан Славески, Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Дино Старчевиќ.
Ново на Сител
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
