Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
Седумнаесет лица осомничени за злоупотреби на пари од Фудбалската Федерација од утринава се во Кривичниот суд. За десет од нив се бара притвор, додека за другите мерки на претпазливост за проневера од три милиони евра.
Станува збор за класично 'испумпување' на пари од Фудбалската федерација преку фиктивни фактури за услуги кои никогаш не биле извршени.
Првоосомничен е поранешниот претседател Илчо Ѓоргиоски и неговиот наследник Мухамед Сејдини., тие се товрат за проневера во службата. Двајцата од 2015тата до 2019 потпишале над 700 налози за исплата без никаква контрола и без валидни документи.
Шефицата на финансии во ФФМ, која е осомничена во случајов Наместо да ги контролира парите, таа ги подготвувала налозите за исплата, а потоа ги бришела и манипулирала сметководствените книги на ФФМ за да сокрие каде одат парите. Таа покрај проневера во службата се товари и за перење пари.
Осомничените управители и сопственици на осумте фирми. Издавале лажни фактури за услуги и стоки кои ФФМ никогаш не ги добила. Кога парите од ФФМ легнувале на нивните сметки, тие ги ваделе, ги пуштале во оптек и ги делеле со цел да им го скријат трагот (перење пари). Овие фирми служеле како „проточни бојлери“.
Ера на Илчо Ѓорѓиоски (2015 – јули 2018): Првиот претседател, заедно со шефицата на финансии, преку поврзани дејствија присвоил околу 2 милиони евра.
Ера на вториот претседател (јули 2018 – октомври 2019): Вториот претседател, на ист начин и со истата шефица, присвоил речиси 860 илјади евра.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
