Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
За државата монопол, за приватните обложувалници клуч на врата и 10 илјади лица на улица. Остри реакции на јавната расправа пред собрансиката комисија за новиот закон за игри на среќа. Вака скроен е против уставен, дискриминаторски нелогичен и парадоксален, чија цел не е да се спречи играњето, туку привилегии и пристап да има само Државната Лотарија, Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, Асоцијатата на спротски обложувачници, Стопанската Комора, барат истиот да се повлече и доработи во консултации со нив. Државата сака екслузивното право со приредување игри на среќа да го задржи само за себа, па затоа за Државната Лотарија има едни давачки, а за приватните други, повисоки, смета првиот човек на АСОМ.
„Приватниот сектор ќе плаќа 23% данок, додека државната Лотарија 15 отсто. Плус има нови енормни фиксни давачки од 1.000 евра за секое уплатно место за приватните обложувалници.“, вели Васко Илијовски, претседател на АСОМ.
Министерката за финансии пак, го бранеше законот дека ќе стави ред во обложувањето, ќе ги заштити граѓаните, посебно младите, од агресивни реклами за обложување, ќе ја намали сивата економија и ќе се спречи перењето пари.
Од Македонската Медиумска Асоцијација реагираат на членот со кој се забранува секаков вид рекламирање дури и на Државната Лотарија и Лото. Затоа бараат рекламите да останат, но да стои предупредување од негативните последници од обложувањето.
Ако се донесе вакво законско решение, државата годишно ќе губи по 350 милиони евра од овој сектор.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
