Македонија
23. October 2022 - 16:39

Мицкоски соопшти какви гаранции очекува од ЕУ за да поддржи уставни измени

На се македонско обединување меѓу политички партии повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со цел да се направи стратегија за иднината на државата. Мицкоски е подготвен и за средба за стратешките прашања со премиерот Ковачевски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откри и кои гаранции ги бара од Бирсел за воопшто да се разговара за уставни измени поврзани со преговарачаката рамка. Се изјасни и дека дополнителните услови од албанскиот фактор за бришење на формулацијата од 20 отсто во Уставот може да значат нарушување на унитарниот карактер на државата, што ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. 

По повод денот на Револуционерната борба, Мицкоски објави и дел од новата програма. Тој вети буџет од 150 милиони евра за образованието што ќе значи двојно поголеми плати за вработените во овој сектор. Од половина милјарда евра предвидени за капитални инвестиции Мицкоски ветува дека половината ќе се вратат во општините за 500 нови проекти годишно. Остатокот од ставката капитални инвестиции се планираат за пругата кон Бугарија, автопатот Кичево- Охрид, но и хидроцентралата Цегрене да биде целосно македонска инвестиција.

На настанот „129 години македонска борба која трае“ професори по историја дадоа и историски осврт за македонската револуционерна организација и создавањето на македонската држава.