Македонија
8. July 2023 - 16:26

Мицкоски со порака до власта: Вратата на ВМРО-ДПМНЕ е затворена за која било тема, освен предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува комуникацијата со власта на тема уставни измени. Ваква одлука донел Извршниот комитет на партијата. Мицкоски вели дека единствена тема на која може да се разговара се предвремени избори оваа есен и покрај ставот на премиерот Ковачевски дека изборите ќе се одржат во редовниот термни следната година.

Најавите дека за две недели уставните амандмани влегуваат во собраниска процедура не го менуваат ставот на опозицијата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ниту има пратеници кои преговаарат со власта, ниту има пратеници кои ги гласале спротивно на волјата на граѓаните.

Владејачката партија сепак не се откажува од процесот на измени на Уставот. Централниот одбор на СДСМ на денешната седница потврди дека во следните две недели уставните амандмани ќе влезат во собрансика процедура.  

Европската интеграција на земјата треба да биде обврска на секоја политичка партија. Затоа сите релевантни парламентарни партии и сите пратеници коишто иднината на земјата ја гледаат како полноправна земја членка на ЕУ  треба да ги поддржат уставните измени, се вели во соопштението на СДСМ испратено по состанокот.