Мицкоски: Се под 61 пратеник ќе биде историски пораз за ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе однесе убедлива победа со минимум 61 пратеник во Собранието. Лидерот на партијата вели дека се под ова ќе биде историски пораз за ВМРО-ДПМНЕ. За исполнување на оваа цел, Мицкоски повика на партиско обединување.
Мицкоски и со порака до сите идни функционери од партијата – вели дека лично ќе се пресмета со секој оној кој ќе работи нечесно и спротивно на интересите на граѓаните.
И покрај цврстиот став на опозицијата дека нема да поддржи измени на Уставот, министерот за надоврешни работи вели дека се уште е оптимист. Османи останува на ставот дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои се свесни за историската можност пред која се наоѓа Македонија и дека ќе го поддржат процесот во Собранието. Вчершаната одлука на Мицкоски да ги прекине сите комуникации со власта, Осамни вели дека е лоша и непромислена и уште еден доказ дека партијата работи само за личните интереси.
И Османи потврди дека во слендите две недели уставните амандмани влегуваат во собрансика процедура. Тврди дека Владата не го кочи процесот, туку дека остава ден повеќе за разговори и можност опозицијата да го промени ставот.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
