Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до сите христијани кои го прославуваат католичкиот Велигден според грегоријанскиот календар во негово лично име и во име на Владата, посочувајќи дека овој празник е најголемиот и најрадосниот во христијанската вера.
- Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта. Нека веста за Воскресението на нашиот Господ Исус Христос ги исполни вашите срца со вера, мир, љубов и нова сила. Нека овој светол ден ви донесе здравје, благослов и радост во секој ваш дом и семејство. Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби, истакнува Мицкоски.
Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом - Македонија“.
- Само преку толеранција, заедништво, сплотеност, хуманост и взаемна почит можеме максимално да придонесеме за подобра и поправедна држава и за просперитетна татковина во која секој граѓанин ќе има можност за достоинствен живот, сигурна иднина и економски напредок. Нека духот на овој празник нè инспирира да градиме мостови на разбирање, да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и да работиме заедно за да ја направиме нашата земја уште поубава, поуспешна и пред се посреќна, како за сите нас, така и за идните генерации, нагласува премиерот Мицкоски во честитката што ја објави на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
