Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Има моменти кога Европа мора да избере дали ќе реагира или ќе води. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување кога сигурноста не се подразбира. Во такви околности зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме. Ни треба Европа што не чека, туку дејствува, што не се двоуми, туку одлучува, што не се плаши од конкуренција, туку ја создава - порача денеска од Виена премиерот Христијан Мицкоски.
По средбата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, Мицкоски на заедничката прес-конференција истакна дека Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби, дека нема да биде стабилна ако нејзините перифиерии останат несиугрни, како и дека нема да биде конкуретна ако нејзините економии не растат заедно.
-Ова е прашање на билатерална соработка, но и на заедничката одговорност. Ние сме подготвени да ја преземеме оваа одговорност. Подготвени сме да работиме. Подготвени сме да носиме одлуки. Подготвени сме да испорачаме резултати. И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација. Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат - истакна премиерот Мицкоски.
Според него, Австрија е еден од ретките партнери со кои Македонија може да ја претвори економската визија во реалност не само поради економското присуство, како што рече, туку и поради конзистентноста, сериозноста и разбирањето на регионот.
-Не сакаме само да ја одржуваме соработката. Сакаме да ја подигнеме на повисоко ниво. Новото време бара нова динамика. Повеќе инвестиции во производство. Повеќе вложувања во енергетика. Повеќе партнерства во дигиталната трансформација. Повеќе инфраструктура што поврзува наместо што раздвојува. Енергетската транзиција е тест за сите нас, тест на капацитет, тест на визија, тест на лидерство. За нас, таа е шанса да создадеме економија што ќе биде посилна од кризите и подготвена за иднината. Но таа шанса може да се реализира само со партнери што размислуваат долгорочно. Затоа ни треба Европа што не чека, туку дејствува - истакна Мицкоски.
Разговорот за економијата, трговијата и инвестициите е техничка тема, оцени Мицкоски, но и длабок разговор за тоа каква Европа сакаме да изградиме - дали континент што се приспособува на кризите или континент што го обликува светот, како и правилата во светот.
-Ние не бараме само странски инвеститори, бараме партнерство, доверба, заедничка визија за тоа каде сакаме да бидеме за десет години. Нашата определба е јасна - да градиме економија што создава, а не само троши, да градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност, да градиме систем во кој работата се исплати, а довербата има вредност. Ова не се секојдневни слогани. Ова е јасна насока. Инвестициите ги гледаме како двигател на промените, промените што носат нова индустрија, ново знаење, нов квалитет, нов стандард - истакна Мицкоски.
Македонскиот премиер е во посета на Австрија со владина делегација во чиј состав се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.
МИА
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
