Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење

Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија, држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат. Убеден сум дека имаме знаење, имаме капацитет, имаме стопанство кое сака да расте и имаме луѓе кои заслужуваат подобра иднина, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Во обраќањето на форумот за одржливоста и создавањето отпорни бизниси што го организира Стопанска комора, Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да им дава силна поддршка на компаниите, како и дека останува нивен најважен партнер.
Осврнувајќи се на одржливоста, премиерот истакна дека тоа веќе не е административна обврска што доаѓа однадвор, туку развојна можност.
- Затоа, ќе продолжиме да ги поддржуваме компаниите во нивната зелена и дигитална трансформација, ќе работиме на подобар пристап до финансии, на намалување на административните процедури, на подобрување на инфраструктурата, на поголема поврзаност со европските пазари и на создавање кадар кој ќе може да одговори на потребите на современата индустрија, подвлече Мицкоски.
Тој зборуваше и за економските показатели, при што напомена дека целта на Владата не е само повисок раст.
- Нашата цел е поквалитетен раст кој ќе биде заснован врз инвестиции, иновации, дигитализација, модерно образование, нови технологии и домашни компании кои ќе освојуваат нови пазари, посочи премиерот.
Во 2024 година, потсети, номиналниот раст на платите изнесуваше 12,6 проценти, во 2025 година 9,6 проценти, а и оваа година се очекува раст од над 8 проценти.
- Уште поважно е што по долг период повторно имаме реален раст на примањата. По падот на реалните плати во 2022 година од 2,9 проценти, во 2024 година тие пораснаа за 8,8 проценти, а во 2025 година за дополнителни 5,3 проценти. Тоа значи дека економскиот раст не останува само статистика. Тој постепено се претвора во подобар животен стандард за граѓаните. Истовремено, покажавме дека одговорното управување со јавните финансии не е само политичка порака, туку конкретна практика. Во изминатиот период сервисиравме 4,4 милијарди евра јавен долг, а до крајот на оваа година доспеваат уште 983 милиони евра обврски кои исто така ќе бидат навремено исполнети. Тоа испраќа силна порака до финансиските пазари, до инвеститорите и до меѓународните институции дека државата е сигурен и кредибилен партнер, рече Мицкоски.
На форумот присуствуваат министри, амбасадори и други високи странски претставници, како и стопанственици.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
-

Од 1 октомври граѓаните кои сакаат може да дадат согласност кај матичен за дарување на органите по смртта
-

Поплавени улици по силното невреме во Скопје - Комуналните екипи на терен
-

Пропаднаа измените на Изборниот законик, СДСМ ги блокираше со 10.000 амандмани
-

Реконструкцијата на Владата е заокужена - ресорите се поделени
-

Не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија – порака од трибината „Разговори за иднината во 12:05“
-

Група млади малтретираат девојче - ново вознемирувачко видео со врсничко насилство во Аеродром
