Мицкоски најави цунами за власта
Уставните измени се основата на се што се случуваше во Македонија во изминатите неколку денови. Опозицискиот лидер Мицкоски во обраќањето на годишната конфернеција на Унијата на млади сили дециден. Зад измените на Кривичниот законик и отворената кавга со Груевски стои валкан план на власта за внесување на Бугарите во Уставот кој нема ниту теоретски шанси да успее. Рече дека не сака да се конфронтира со Груевски но дека нема да дозволи лични аранжмани да стојат на патот на државата.
Мицкоски на власта и порача дека треба да се плаши бидејќи по изборите секој функционер ќе одговара за секој украден денар. Рече дека нема да дозволи да се развива културата на корупција. На СДСМ и ДУИ им порача дека опозицијата е силна и обединета и дека ги чека изборите.
Во периодот до изборите, Мицкоски најави силна ангажираност на терен. Побара партијата дополнително да ги збие редовите. На граѓаните им порача дека по изборите доаѓа нова генерација на политичари кои, како што рече, имаат знаење и вештини за големи работи.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
