Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години

Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес - ова е порака на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговорот на прашањето дека опозицијата забележува оти растот на бруто-домашниот производ (БДП) е недоволен. Премиерот Мицкоски истакна дека понекогаш не сака да коментира она што го споменува опозицијата бидејќи, како што рече, „тоа што го кажува е целосна невистина и неаргументирана изјава, се разбира“.
- Во случајот можам само да кажам дека имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-26 месеци, она што го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денес оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес - изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски порача дека тоа е целта на Владата и се мотиварни да испорачуваат проекти, инвестиции, што граѓаните може да ги видат, а кои придонесуваат за подобар стандард и живот.
- Инспирацијата целосно ја црпиме од поддршката што ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен, дека е сè идеално - не е. Дека има грешки - има, кој работи знае и понекогаш да погреши, но дека е многу подобро отколку пред три години, мора сите да се сложиме дека е така - рече Мицкоси по отварањето на новиот погон на фабриката ВИК“во ТИР-зоната во Прилеп.
МИА
Ново на Сител
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
-

Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
-

Шестмина хоспитализирани со западно-нилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба
-

Дејан Јованов излегува од притвор на 3 октомври, судот ќе му определи мерки на претпазливост
