Мицкоски бара цврсти гаранции од ЕУ дека нема да има нови условувања
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара за нов договор за Македонија со бришење на формулацијата од 20 отсто, како што вчера побараа од Алијанса на Албанците, како и на балансерот за правична застапеност на етничките заедници при вработувањето во јавната администрација.Тој смета дека правата треба да се остваруваат согласно компетенции и заслуги.
Сепак, Мицкоски како непринципиелно и неевропски го смета условувањето на овие албански партии за поддршка на уставните измени на Преамбулата согласно бугарските барања. Впрочем, вели Мицкоски токму поради поставувањето на услови неговата партија не ги прифаќа овие уставни измени.
Тој вели дека за промена на Уставот од овој тип може да се разговара кога некој од Брисел ќе даде гаранција дека официјална Софија нема да има нови барања и нема да има вето во евроинтеграцискиот процес.
Од СДСМ пак, реагираат дека Мицкоски е против влезот на на Македонија во ЕУ.
„Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет. Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти и додавки. Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство“, велат од СДСМ.
Таравари, од името на Алијанса на Албанците вчера изјави дека поддршката за уставните измени согласно преговарачката рамка со Брисел не е безусловна. Бараат албанскиот јазик изречно да се спомене како службен.
Иако не објавуваат дека имаат свои барања и од ДУИ потврдија дека траат меѓупартиски консултации во т.н. европско крило за тоа дали и во која форма ќе имаат амандмани за Уставот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
