MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
Наследство на сила. Визија за иднината.
Постојат возила што ги следат веќе поставените правила. И постојат оние што создаваат сопствени.
MHERO е премиум автомобилски бренд на Dongfeng Motor Corporation, создаден за новата генерација електрифицирани теренски возила со високи перформанси. Брендот официјално започна да ја гради својата приказна во 2022 година, поврзувајќи ја долгогодишната инженерска традиција со современи електрифицирани погонски системи, интелигентни технологии и бескомпромисни теренски способности. Денес MHERO постепено го проширува своето присуство на меѓународните пазари, носејќи поинаква визија за тоа што може да биде еден премиум off-road модел.
Во сржта на брендот се четири принципи: висока технологија, електрифицирани перформанси, револуционерен пристап и вистинска способност надвор од асфалтот. Токму нивниот спој му овозможува на MHERO со еднаква сигурност да се движи низ урбаната средина и таму каде што патот престанува.
Сега оваа филозофија пристигнува и во Македонија.

Симбол на непоколеблива сила
Логото „М“ е инспирирано од неосвоивиот оклоп на древните воини. Неговата цврста и моќна форма ги симболизира издржливоста, храброста и решителноста да не се отстапи пред ниту еден предизвик.
Тоа е визуелен израз на филозофијата на MHERO: „Never back down“ – никогаш не отстапувај.
MHERO не ја поврзува идејата за херојство само со моќта. Таа се препознава во одлучноста да се продолжи кога условите стануваат потешки, во подготвеноста да се излезе од познатото и во слободата самостојно да се избере следната дестинација.
BE A HERO. STOP AT NOTHING.

MHERO II 817: таму каде што границите остануваат зад вас
Првиот модел со кој MHERO ја започнува својата приказна во Македонија е MHERO II 817 – голем премиум plug-in хибриден модел создаден да ги обедини теренската сила, напредната технологија и удобноста потребна за секојдневното возење.
Неговата впечатлива силуета не е дизајнирана само за да привлекува погледи. Јасните линии, моќните пропорции и препознатливите светлосни елементи ја најавуваат неговата вистинска природа: стабилност, издржливост и подготвеност за движење без ограничувања.
MHERO II 817 располага со plug-in хибриден систем, составен од 1,5-литарски турбобензински мотор и два електромотори со интелигентен погон на сите четири тркала. Системот испорачува максимална моќност од 505 kW и 848 Nm вртежен момент, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,2 секунди.
Батеријата со капацитет од 31,7 kWh овозможува до 110 километри електрично движење според WLTC, додека вкупната автономија достигнува до 1.113 километри. Така, MHERO II 817 нуди тивко и електрифицирано секојдневно возење, но и слобода за долги патувања без постојано планирање на следното полнење.
Вистински способности надвор од асфалтот
Под впечатливиот дизајн се наоѓа конструкција создадена за сериозни предизвици. Цврстата рамовска шасија, независната суспензија со двојни попречни водилки и интелигентниот погон на сите четири тркала му овозможуваат на MHERO II 817 сигурно да одговори на различни услови на возење.
Во зависност од конфигурацијата, адаптивната воздушна суспензија овозможува промена на висината на возилото, клиренс до 333 mm во off-road поставеност и совладување вода со длабочина до 900 mm. Изборот на режими за снег, кал, карпи, песок и вода му помага на возачот да ја приспособи работата на возилото кон теренот пред него.
Управувањето на задните тркала ја зголемува агилноста и го намалува радиусот на вртење на само 5,2 метри, со што големите димензии не претставуваат ограничување ниту во тесни урбани простори ниту на комплексен терен.

Луксуз што не останува на асфалтот
MHERO II 817 докажува дека вистинските теренски способности не бараат откажување од удобноста.
Пространата кабина е обликувана со премиум материјали и внимателно осмислени детали, додека големиот централен екран, дигиталната инструмент-табла и head-up дисплејот ги поставуваат најважните информации директно пред возачот. Во зависност од нивото на опрема, достапни се Nappa кожени седишта, греење, вентилација и масажа на предните седишта, Dynaudio аудиосистем со 18 звучници, амбиентално осветлување во 256 бои и интелигентен фрижидер со функција за ладење и загревање.
Флексибилниот ентериер и багажен простор до 2.112 литри овозможуваат кабината лесно да се приспособи за секојдневни потреби, долги патувања или престој во природа. Функцијата V2L обезбедува надворешно напојување до 6 kW, претворајќи го MHERO II во мобилен извор на енергија за опрема и уреди кога авантурата продолжува далеку од вообичаената инфраструктура.
Ново поглавје на македонскиот автомобилски пазар
Со пристигнувањето на MHERO, македонскиот пазар добива бренд кој не прифаќа избор помеѓу моќ и одговорност, луксуз и издржливост, градско секојдневие и вистинска off-road слобода.
MHERO II 817 е создаден за возачи што не сакаат нивното возило да им поставува граници. За оние што ја гледаат непознатата патека како можност, предизвикот како мотивација, а движењето напред како единствен избор.
Ова не е само уште еден модел што пристигнува на пазарот. Ова е нов став кон мобилноста – похрабар, посилен и подготвен да продолжи таму каде што другите запираат.
MHERO II 817 во Македонија е достапен преку АБЦ Бротхер – овластен импортер и дистрибутер на брендот MHERO за македонскиот пазар.
Биди херој. Не запирај пред ништо.
Таму каде што границите остануваат зад тебе.
Ново на Сител
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
