Меленото месо може да се чува замрзнато два до три месеци
Купеното свежо мелено месо може да стои во обичен ладилник еден ден - најмногу два, па најдобро би било, доколку не се користи веднаш, да се замрзне. Но, колку долго тоа месо може да остане во замрзнувач?
Вообичаено, меленото месо е говедско, но може да биде и свинско, телешко, јагнешко, пилешко месо... Ако е термички обработено и правилно складирано, меленото месо може да стои замрзнато во фрижидер два до три месеци и вкусот нема да се промени многу.
Исто така, важно е како е спакувано месото. Доколку е во оригиналното пакување, може да се чува до две недели, а доколку намерата е да се чува подолго од тоа, би било добро пакувањето да се завитка во фолија или во ќесе за замрзнување.
Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи вкусот по подолго време, појаснува Американската управа за храна и земјоделство во САД. Според сѐ, меленото месо не може да остане во замрзнувач засекогаш.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
