Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад

Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“.
Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките.
- Како што потврди и самата компанија, украдени се 19 милиони записи, кои содржат различни видови податоци што можат да се поврзат меѓусебно – појасни Гавковски.
Тој истакна дека службите за кибер-безбедност интензивно работат на утврдување на начинот на кој се случил инцидентот и дека Владата презема сите мерки за заштита на информациите поврзани со овој случај.
Гавковски повтори дека во моментов нема индикации оти податоците биле украдени како резултат на напад организиран или извршен од друга земја.
- Никој нема да преговара со никого. Никој нема да попушти пред каква било уцена – порача полскиот министер за дигитални прашања.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
