Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, учествува на 76. Конгрес на FIFA што се одржува во Ванкувер, каде заедно со генералниот секретар Леонид Јандреоски и легендарниот фудбалер Горан Пандев активно учествуваат во носењето на клучни одлуки за иднината на светскиот фудбал.
Во фокусот на Конгресот се финансиската стабилност и развојните политики на светската куќа на фудбалот, како и усвојувањето на извештаите за изминатата година и дефинирањето на буџетите за циклусот 2027–2030. Дополнително, се разгледуваат и важни прашања поврзани со управувањето и интегритетот на фудбалот.
Присуството на македонската делегација на овој значаен настан значи активно вклучување во процесите на креирање на идните политики во фудбалот, како и зајакнување на меѓународната соработка.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
