Македонија
9. January 2022 - 16:40

Малигните заболувања се почести кај лица под 40 години

Зголемен бројот на малигните заболувања. Загрижува тоа што за разлика од порано кога овие болести се појавуваа кај луѓе на возраст поголема од 40 години сега има тенденција на намалување на старосната граница амбулантите се почесто полнат со помлади пациенти. 

Ракот на простата е болест која последниве години зазема размери на епидемија, на уролошкото одделение во охридската општа болница каде спас наоѓаа пациенти не само од Охрид туку и од останатите градови годишно се прегледуваат над 3.500 мажи.

Ковид пандемијата подолг период предизвикува страв кај пациентите од зараза па ги одлагаат или негираат тегобите и доаѓаат во болница во крајно тешка состојба. 

Докторите посочуваат дека раното дијагностицирање е клучно за успешно лекување на малигните заболувања.