Македонија
13. October 2023 - 16:41

Македонските граѓани од Израел слетаа во Скопје

Седумдневната агонија дали ќе успеат да се засолнат од нападите заврши и македонците со солзи на очите се вратија дома. Велат страшните слики нема никогаш да ги заборават, секој момент бил вистинска голгота како да се помине ноќта

Среќна што попвторно ги прегрна своите најблиски, кумановката Марица Јаневска вели дека не се чувствувала безбедно во Израел.По речиси една година во израелската држава и уште еден нејзин сограќанин се врати дома. Очекувал побрза реакција од македонските власти, но е задволен што успеал да се качи на летот на Ер Србија

Во Израел остануваат уште македонски државјани кои одбиле да се вратат со летот кој го организираше владата. Но нивните места се пополнети со патници од Србија и Црна Гора, како благодарност за нивните влади кои изминативе денови евакуираа македонски државјани.

Вознемирени сведочат дека биле во жариштата на војната, велат дека повиците за евакуација и ракетните напади нема да ги заборават.

Во авионот имаше место и за неколку црногорци кои во Скопје лично ги пречека црногорската амбасадорка.

Во појасот Газа се уште се заглавени двајцата сопружници за кои во моментов се прават планови како да бидат извлечени. Единствената точка за спас е границата со Египет, но засега е неизвесно кога истата ќе биде отворена, со оглед дека се интензивираат нападите....