Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ

Во Европската Унија во 2024 година имало 507 болнички кревети на 100 000 луѓе, што е мало намалување во однос на 511 регистрирани во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.
Трендот на намалување на болничките кревети започна во 2009 година (582 болнички кревети на 100 000 луѓе), како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со амбулантски или дневен третман.
Меѓу земјите од ЕУ, Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители - 870, а по неа се Германија со 759, Романија со 731, Австрија со 655 и Чешка со 639.
Спротивно на тоа, шест земји од ЕУ имаат помалку од 300 болнички кревети на 100 000 луѓе: Шведска (187), Холандија (221), Данска (226), Финска (248), Шпанија (283) и Ирска (293).
Во однос на креветите во установите за долготрајна нега, најмногу имаат Холандија (1 390), Шведска (1 298) и Белгија (1 249).
Грција со 20 и Бугарија со 26 кревети за долготрајна нега на 100 000 луѓе се на дното на листата земји на ЕУ.
Последниот достапен податок на Евростат за Македонија е за 2021 година, и кажува дека сме имале 449 болнички кревети на 100 000 жители, а 51 за долготрајна нега. Според бројот на болнички кревети, Македонија е пред 14 земји членки на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
