Македонија
27. јуни 2026 - 16:34

Неопходно е посебно тело да управува со езерото

Посебно тело треба да управува со заштитата на Охридското езеро .Научната фела смета дека наместо да се префрлаат ингеренциите околу грижата  ова независно тело формирано од експерти би изготвувало менџмент планови за  преземање на чекори за решавање на горливите проблемите со кои години наназад се соочува природниот басен.

Со примена на вакон модел на управување на нешто што се развивало скоро два милиони години и претствува лабараторија на еволуција од научен поглед може во иднина да се одржува езерото.

Загадување со отпадни води ,градбите на крајбрежјето ,се поголемиот број пловни објекти се само дел од проблемите кои го загрозуваат Охридско Езеро-- едно од најстарите и најразновидните езера во светот.