Македонија
1. January 2023 - 16:38

Македонија го презема претседателството со ОБСЕ

Македонија од денеска цела година ќе претседава со ОБСЕ –најголемата светска регионала безбедносна огранизација со 57 држави членки. Претседавач ќе биде министерот за надворешни работи Бујар Османи.Тој ќе ја презентира македонската програма „За луѓето се работи“ за претседавање  во Виена на 12 јануари на Постојаниот совет на ОБСЕ.

„Во услови на војна во регионот на ОБСЕ и сложени политички односи помеѓу земјите учеснички ќе се фокусираме на намалување на тензиите, обновување на довербата, просперитетот и севкупната безбедноста на луѓето“, нагласи Османи по повод преземањето на претседавањето.

Од денеска во сила стапува и системот за управување со предмети во јавните обвинителства, информираат од министерствотото за правда.

 „Системот претставува основна алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување информации, следење и архивирање на предметите како и увид во секој момент во статусот на предметите“, информираат од правда.

Иако првично предвиден во Законот за личен доход за 1 јануари 2023 прогресивниот данок нема да почне да се применува. Во последен момент беа направени законски измени со кои тој се укина.  До влезот на земјава во ЕУ се одложи и данокот за орочените депозити.

На крајот од годината од Владата промовираше и даночна реформа, но и таа нема да стапи во сила бидејки измените на Законот за данок на добивка и Закон за ДДВ се се уште во собрнаиска процедура. Сепак, во новата година можно е нов вонреден данок за есктра профит.