Мајка дозволи змија да го касне нејзиното бебе, за да му одржи лекција

Полицијата во Флорида разгледува случај каде што една неименувана жена, дозволила змија да ја касне нејзината едногодишна ќерка.
Американката притоа изјавила дека сето тоа било од воспитен карактер. На „поучното“ видео, коешто мајката го објавила на својата Фејсбук страница, се гледа како мала змија го каснува девојчето кое се приближува до неа. Тоа почнува да плаче, а мајката се смее.
По бројните реакции од нејзините виртуелни пријатели, жената го тргнала видеото, но потоа и прокоментирала дека луѓето „се претерано чувствителни".
- Таа змија ме каснала и мене и синот неколкупати. Безопасна е. Забите на влекачот се толку мали, што тој е неспособен да ја пробие кожата на детето. Мојата ќерка заплака, зашто се исплаши, а не затоа што ја здоболе. По ова што се случи, таа веќе не сака да се приближи до змии. Таа не се плаши од нив, но нема ни да ги допира, тоа беше и целта. Никогаш не би го повредила своето дете, објасни жената.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
