Љупчо Палевски доби нови 40 дена притвор во Турција
Осомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски, доби уште 40 дена привремен затвор во Турција. Минестерството за правда потврди дека ваквата одлука ја донело турското републичкото обвинителство.
- Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело ,,Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја (РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена, соопшти Министерството за правда.
Се уште нема информации дали и кога ќе згасне партијата на Палевски, во која членуваат и сите осомничени за двојното убиство. Министерот Спасовски вели дека Обвинителство е надлежно да поднесе барање за дерегистрација на партијата Десна. Но, полицијата била подготвена да испрати писмо, доколку тоа биде побарано од нив.
Иако е во нивна надлежност од Обвинителство за Сител велат дека се уште нема поведена таква постапка. Доколку се утврди дека се исполнети законските основи, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат оттаму.
Откако македонското МВР распиша меѓународна потерница, на 5-ти декември Палевски беше уапсен во близина на турскиот град Баликесир. Оттогаш е и во притвор. Во триесетдневен притвор во Идризово пак се уште пет лица, тројца се товарат за соизвршителство на двете убиства, а двајца меѓу кои и таткото на Вања за помагање.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
