Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Тренерот Кирил Лазаров побара да не се создава еуфорија и неговите избраници без притисок да влезат на средбата.
„Стигнавме до финале важно за Алкалоид и за македонскиот ракомет. Имаме одлична предност од 4 голови. Сепак, секогаш сум претпазлив, треба порелаксирано да го дочекаме натпреварот. Не сакам моите играчи да бидат под притисок. Утре одиме во карантин и верувам дека подготвени ќе го дочекаме реваншот, изјави Лазаров пред дуелот.
На денешната прес-конференција своите очекувања ги кажа и голманот Иван Галевски кој во Грција одбрани пет пенали од шесте досудени за АЕК.
„АЕК е искусна и силна екипа. Нема да ни биде воопшто лесно. Но ние ќе ја имаме поддршката од нашиот осми играч – публиката. Верувам дека на крајот ќе го кренеме пехарот“ изјави Галевски.
Македонскиот претставник од Атина донесе четири голови предност.
Натпреварот Алкалоид – АЕК ќе се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.
Од Алкалоид апелираат на фер и спортско навивање во текот на целиот натпревар.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
