Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Лазаров повика вкупно 21 ракометари, меѓу кои членот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, е единствениот дебитант, додека голманот на германски Битигхајм, Мартин Томовски, е единствениот кој настапува во странство.
Подготовките за настап на Европското првенство избраниците на Лазаров ќе ги стартуваат в понеделник во Скопје.
Македонската репрезентација ќе игра во групата Б во данскиот град Хернинг против домаќинот, како и репрезентациите на Португалија и Романија. Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.
Повикани ракометари: (голмани) – Мартин Томовски, Никола Митревски, Иван Галевски, (леви крила) – Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, (десни крила) – Ненад Костески, Никола Костески, (средни бекови)-Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Ивановски (леви бекови) – Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Дамјан Митев (десни бекови) – Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Мартин Велковски (пивоти) – Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Самоил Ристевски, Михаил Аларов.
Ново на Сител
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
