Ковачевски подготвен да разговара за финеси околу датумот за избори
Премиерот е подготвен да разговара околу финеси за датумот за избори но само во рамките на работните групи. Лидерот на владејачката партија констатираше дека лидерските средби за договор за датум за избори се вонсинституционални и таков формат за него бил неприфатлив.
ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа две прес конференции но на ниту една од нив не можеше да се слушне став во врска со изборите. Вчера партискиот лидер ја повика власта да седнат и да се договорат за датумот за избори а сличен повик дојде и од спикерот Џафери.
Претседателски и парламентарни избори во еден термин денеска дојде и како барање на здружената опозиција во албанскиот блок.
Власта сака прво да организира претседателски избори а два месеци подоцна парламентарните. Партиски извори велат дека очекуваат подобри резултати на Претседтелски избори со кои се надеваат дека ќе си обезбедат подобра стартна позиција на парламентарните. Опозицијата критикува дека со тоа власта за сопствената политичка агенда во екот на најтешката економска криза во историјата непотребно ќе им потроши
10 милиони евра на граѓаните, со голема извесност дека изборите ќе пропаднат бидејќи на гласање нема да излезат 40% од граѓаните.
Единствен заеднички термин за двата изборни процеси во нивните редовни рокови е периодот меѓу 5 и 8 мај.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
