-->
-->
,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-->

Водата од водоводот Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, известија денеска од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, откако претходно, на 3 март, кавадаречкото и неготинското комунално претпријатие, соопштија дека е заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите и беше потребно да се преврива.
- Сектор водовод при ЈП „Комуналец“ Кавадарци на карактеристични места низ градот направи интерни испитувања на водата за пиење. Со испитувањата се утврди дека присуството на резидуален хлор во водоснабдителниот систем е во граници на нормалата. Со ова се констатира дека водата од водоводот Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, појаснија од претпријатието.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
-

Катерина Зајковска предложена за член на Антикорупциска
-

Нова национална стратегија за бездомните кучиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
