Колку се безбедни македонските патишта?
Ако во земјите од ЕУ постои систем според кој се утврдува кои се критичните точки за незгоди, Македонија се уште не располага со такви информации.
Во ек на летната сезона и зголемената фреквенција на возила кои транзитираат низ земјата, се зголемува и ризикот за сообраќајни незгоди, а во голем дел и со смртни последици.
Инженерот Игор Митревски за Сител анализира дека патиштата во Македонија не се безбедни, ниту пак на сите патни правци има соодветна сигнализација и заштита.
- На високи температури, колони со возила и нервозни возачи има и пред најголемиот туристички центар Охрид. Чекање за влез и излез во градот има со часови, а причина за ваквата состојба се градежните работи за реконструкција на патот Подмоље-Охрид. Наместо кампањи во кои фокусот е ставен на места каде фреквенцијата на сообраќај е многу мала, безбедносните органи треба да превземат конкретни мерки, апелира Митревски.
Ресорното министерството уверува - безбедноста на македонските патишта е висока, а градежните работи треба да завршат до средина на јули.
Бројките говорат дека најголемиот број на сообраќајни незгоди со тешки последици се случуваат од мај до авгруст, особено за викендите. Полициските билтени како главни причини најчесто ги наведуваат непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, главно преку пребрзото возење.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
