Македонија
27. September 2024 - 16:34

Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања

Кој е виновен што Македонија назадува на патот кон Европската унија, партиите од власта и опозиција и од македонскиот и од албанскиот политички блок денеска со меѓусебни обвинувања.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прстот го вперува кон претходниците.

За ова виновни се СДС и ДУИ. Виновни се затоа што 7 години ја потонаа државата во корупција и криминал. Додека зборуваа за Европа не донесоа до ситуација да имаме судство со доверба од само 2%, раст на БДП по глава на жител за период од 2017 до 2023 година дупло помал од земјите од регионот, здравство кое колабира, образование во кое немаше учебници. ВМРО-ДПМНЕ верува и ќе работи исклучиво врз вистински вредности и во интерес на македонските граѓани и покрај сите опструкции ќе продолжиме да работиме силно за целосна трансформација на државата, вели Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ

Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку на Мицкоски, возврати опозицијата.

 Почнувајќи од опозиција, преку подгревање на национализмот и лажење на граѓаните, сега и како Влада, директно одлучуваат еднострано да ги прекинат преговорите со ЕУ. Денеска можеше да биде ден кога сите политички партии, сите граѓани, ќе се обединеа околу надежта за подобро утре. Тоа им го одземаа и на граѓаните и на земјата, се вели во реакцијата на СДСМ

Слични пораки си разменија и ДУИ и Вреди.

Од партијата на Ахмети порачуваат дека поради погрешните политики на власта на граѓаните им е одземена европската иднина, а секој неуспех во усвојувањето на уставните измени води кон поделеност и стагнација.

Од Вреди очекуваат одлуката за Албанија да го забрза процесот на изноѓање решение кое ќе ги обезбеди соодветните гаранции за усвојување на уставните измени.