Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци - информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката што останала парализирана по вториот царски рез, дали има лекарска грешка или не.
- Јас ја формирав комисијата за стручен надзор. Можам да кажам, заради подигање на нивото на третман на работата и градење доверба во институциите, поканив двајца странски стручњаци да се вклучат во редовната работа. Ним им се испратени сите наоди од Државниот санитарен и здравствен инспекторат - истакна Клековски.
Министерот рече дека ДСЗИ не нашол пропуст во медицинската документација.
Информира дека се побарани две појаснувања за две своеволни напуштања болница.
- Барав да се достават потврдите дека тоа е така направено. Комплетирано е, ставено е на увид на стручниот надзор, дадено им е време да ја разгледаат документацијата, ќе има еден онлајн-состанок да кажат што уште сметаат дека им е потребно како документација и потоа ќе има еден состанок, се надевам со присуство на пациентката, во кој би се донел конечниот заклучок. Се надевам до крајот на месецот дека ќе биде заклучокот, а тоа ќе зависи од достапноста на ангажираните експерти. Претседател на комисијата е гинеколог, има анестезиолог од Белград, има невролог од Љубљана, има неврохирург од „Свети Еразмо“ - Охрид и радиолог од Скопје - појасни Клековски.
Тој беше прашан и за нови 11 случаи на ХИВ/СИДА кај нас и дали тоа е резултат на намалено финансирање на програмите за превенција.
- Јас не би можел да направам на прес-конференција причинско-последична анализа и дали има корелација помеѓу намалувањето на средствата за програмата бидејќи доаѓам од фела каде што се прават евалуации и треба посериозна анализа за тоа. Тоа може да биде резултат и на опуштање на граѓаните бидејќи ХИВ/СИДА веќе е болест што се лекува - одговори министерот за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
-

Остри реакции за предлогот улица во Тетово да го носи името на Фадил Сулејмани
-

34 години Армија, традиција и нови предизвици
-

Богата програма на годинешното Карпошово културно лето од 20 до 30 август
