Македонија
25. November 2024 - 16:33

Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев

Враќање на довербата помеѓу граѓаните кои се разочарани од СДСМ ќе биде главна мисија на новата заменик претседателка.

Фани Каранфилова Пановска која вчера ја доби довербата од членството во говорот пред нив кој медиумите немаа можност да го проследат, изразила уверување дека СДСМ ќе ги врати угледот, кредибилитетот и изборните победи.

Според ВМРО-ДПМНЕ пак таа уште еден потрчко на Заев. Велат, со над 2 милиони годишна плата, Каранфилова не може да биде ново лице на политичката сцена.

Според јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. Тоа за кое што народот работи 5 години, Каранфилова Пановска го заработува за 1 година. Каранфилова Пановска е дел од луѓето кои се бореа Зоран Заев да дојде на власт уште во 2017 година, преку таканаречената Шарена револуција од 2014 и 2015 година. Каранфилова Пановска не е никакво ново лице на СДС, таа е дел од 40-те потрчковци на неврохиругот на Заев, Филипче, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Новата сила, енергија и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ, ја вознемири ДПМНЕ реагира опозицијата

СДСМ покажа дека се издигнува после пораз а Конгресот е пресвртница во опозициското дејствување на партијата. Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократските идеи и вредности. Изборот на нова заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова Пановска е додадена вредност на партијата каква што ДПМНЕ никогаш немала. Ја разбираме нервозата од владејчката ДПМНЕ која не успеа да испорача ниту едно ветување и која има катастрофални резултати од работењето за само 5 месеци од мандатот, велат од СДСМ

Побрзо реформирање на СДСМ и враќање на социјалдемократските вредности им посака и вицепремиерот Меџити.

На вчерашниот конгрес покрај Каранфилова за заменик претседателка, СДСМ ги избра и новите членови на Централниот одбор кој според најавите до крајот на оваа недела ќе ја одржи првата седница на која ќе го избере новиот состав на Извршниот комитет, потретседателите на партијата и генералните секретари.

Од Конгресот Филичпе најави нова ера во опозициското дејствување и враќање на победничките патеки до изборите следната есен. Неговиот најблизок соработник Заев не присуствуваше на вчерашниот состанок, поради работни обврски надвор од државата.