Камбовски предлага измени во преамбулата на Уставот, Цаца Николовска вели дека е доцна
Академската фела предлага нови дополнувања на уставните измени кои веќе се испратени во Владата.
Академикот Владо Камбовски бара менување на Преамбулата и конкретно во делот каде се наброени народите... Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите...конкретно да биде наведено дали се народи или заедници...
За Камбовски уставните измени не биле врата за почеток на бугаризација, но не исклучува можност да бидат причина за нови провокациии.
За претседателката на работната група за уставни измени Николовска сега е доцна за вакви реакции и нови предлози. Сите идеи требало да бидат презентирани додека траела дебатата.
Владата се уште тактизира кога уставните измени ќе бидат испратени во Парламентот со што би започнале и официјално да течат роковите за менување на Уставот. Вицепремиерот Маричиќ уверува дека уставните амандмани не се заглавени никаде, туку давале надеж за дијалогот со опозицијата.
Министерот за надворешни пак остава простор за уште консултации околу текстот за уставните амандмани. Согласно преговарачката рамка, целиот процес треба да биде завршен до крајот на ноември.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
