Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела. На денешната прес-конференција министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени.
- Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно - и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции - рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.
Министерката Јаневска ги најави законските измени пред два дена посочувајќи дека мора да се создаде безбедна училишна средина откога во изминатиот период јавноста е сведок на неколку случаи на врсничко насилство, од кои последниот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто кога со остар предмет беше повреден 15-годишен ученик.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
