Македонија
12. May 2026 - 19:59

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника

Петмесечно починато бебе од скопско во раните утрински часови било однесено на Клиниката за детски болести. Таткото го пронашол без знаци на живот, и како што пишува во билтенот на МВР веднаш се упатил кон скопските клиники.

-На 12.05.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дежурните лекари констатирале смрт кај бебето кое било предвреме родено.

-Денеска во раните утрински часови на Клиниката за детски болести во амбулантскиот дел е донесено 5 месечно доенче без знаци на живот. Од страна на нашите лекари е констатирана смрт а понатаму е постапено од службите на МВР и обвинителството, вели д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиника за детски болести.

Бебето е дадено на обдукција која треба да покаже кои се причините за смртта а од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.