-->
-->
Ја скинале сајлата и се скриле меѓу кутиите: Тројца мигранти од Судан пронајдени во камион во Скопје
-->

Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба.
Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите.

Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на Царинската управа во заштита на државата.
Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
