Истражување: Под површината на Марс има вода што би наполнила океан

Истражувачите пронајдоа докази за голем подземен резервоар со течна вода на Марс, доволен за да ги наполни океаните на површината на планетата.
Користејќи ги податоците од инструментот „Инсајт“ на НАСА од површината на Марс, научниците процениле дека количината на подземна вода може да ја покрие целата планета на длабочина од еден до два километри.
Сепак, експертите велат дека акумулацијата веројатно нема да биде од голема корист за секој што се обидува да го искористи за снабдување на идната колонија на Марс.
Водата се наоѓа во ситни пукнатини и пори во карпата во средината на кората на Марс, помеѓу 11,5 и 20 километри под површината.
Дури и на Земјата, дупчењето дупка длабока километар е предизвик.
Научниците од Земјата испратија бројни сонди и други уреди на Марс за да откријат што се случило со водата што била на планетата пред околу три милијарди години, како и дали има или постоело живот на планетата.
Експертите сугерираат дека наодите се показател дека голем дел од водата не отишла во вселената, туку се филтрирала во планетарната кора.
Наодите се објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
