-->
-->
Иранските медиуми јавија за експлозии кај Бандар Абас и на островот Кешм; „Фокс њуз“ тврди дека станува збор за американски напади
-->

Иранската агенција Фарс соопшти дека биле слушнати неколку експлозии во близина на градот Бандар Абас, додавајќи дека потеклото и точната локација на детонациите засега не се познати, пренесе Ројтерс.
Во меѓувреме, агенцијата Мехр јави дека одекнале експлозии и на островот Кешм, кој се наоѓа наспроти Бандар Абас во Ормуската Теснина.
Американските вооружени сили денеска ги нападнаа иранското пристаниште Кешм и Бандар Абас, објави на социјалната мрежа Икс репортер на телевизијата „Фокс њуз“ (Fox News), повикувајќи се на висок американски претставник.
Според објавата на новинарот, претставникот прецизирал дека нападите не значат обновување на воените дејствија меѓу САД и Иран, ниту, пак, крај на прекинот на огнот прогласен на 7 април.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
