Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.
-Интер е во полуфиналето на Лигата на шампионите, па не би рекол дека сега сме во тежок период. Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот, предизвикуваме еден од најдобрите тимови во светот и еден од најофанзивните тимови. Ќе има моменти кога ќе треба да бидеме трпеливи. Технички треба да играме беспрекорно. Барселона е тим кој е добро граден со текот на времето. Таа има се да игра на највисоко ниво. Ханси Флик одлично го води процесот, како што направи во Баерн и германската репрезентација. Треба да им се честита и за одличната работа што ја прават со младите. Големите таленти растат во нивната академија. Ламин Јамал е уникатен фудбалер. Тој игра добро индивидуално и е многу корисен за тимот, изјави Инзаги во пресрет на дуелот со Каталонците.
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите Барселона – Интер ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.
Интер на гостувањето кај Барселона оди со три порази по ред, па домаќините се фаворити на овој натпревар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
