Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од четирицикл додека се движел по шумски пат. Случајот бил пријавен вчера околу 14 часот, кога повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.
- Во ОВР Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој потврди дека за настанот е известен јавен обвинител. На местото на несреќата екипа од ОВР Гостивар извршила увид за да се утврдат поединости и околностите кои довеле до неа.
МИА
Ново на Сител
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
