Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
На претходното рочиште вештакот Александар Станков посочи дека главна причина за смртта кај жртвите било труење со јаглероден моноксид, во комбинација со задушување, чад, топол воздух и стампедо.
Одбраната се противеше на читањето на исказите на двајца сведоци дадени во истрага. Тие на судењето беа недостапни за органите на прогонот.
Вчера, падна и првата пресуда за пожарот. Тројца полицајци од судот беа осудени на условни казни откако беше доакажано дека пишувале казни на погрешна фирма по што беа прогласени за виновни за злоупотреба на положбата.
Токму на оваа пресуда утрово стигна и реакција од родителите на жртвите во пожарот. Тие се крајно незадоволни и бараат од Обвинителството да ја обжали пресудата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
