Големо намалување на цената на дизелот од полноќ, бензинот поскапува

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 6,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден денар - одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.
Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 94 денари за литар, а „евросупер БС-98“ ќе се продава за 96 денари за литар. Цената на „евродизелот БС (Д-Е V)“ ќе изнесува 95 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 денар за килограм и ќе изнесува 44,410 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светскиот пазар во однос на претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,212 отсто, а кај дизелот има намалување за 8,237 отсто, кај екстра-лесното масло за 4,389 отсто и кај мазутот за 2,793 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во пресметковниот период е понизок за 0,5477 отсто во споредба со периодот кога беа формирани претходните цени.
Напоменуваат дека ова се максимални цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и мало може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Ново на Сител
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
