Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи.
-Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа - вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Тој посочува дека со оваа мерка ќе ги намалат социјалните разлики, го олеснат финансискиот товар на семејствата и ќе им овозможат на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно - образованието, личниот развој и градењето на својата иднина.
-Униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика која со години се применува во голем број современи образовни системи. Со низа конкретни мерки го претвораме училиштето во вистинска основа за знаење, успех и иден кариерен напредок. Во средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство. Затоа што вредноста на еден ученик не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради. Влогот во најмладите е влог во иднината! - вели градоначалникот на Скопје.
Ѓорѓиевски порачува дека училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех, а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ.
МИА
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
