Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди. Српскиот тенисер со 37 години и 10 месеци стана најстариот полуфиналист на турнирите во оваа категорија.
Ѓоковиќ во четвртфиналето на Мајами го совлада Американецот Себастијан Корда со 6:3, 7:6 (4) и стана најстариот играч кој стигнал до полуфинале на еден Мастерс во историјата.
Овој рекорд претходно го држеше Роџер Федерер, кој се повлече од тенисот во септември 2022 година. Швајцарецот имаше 37 години и седум месеци кога стигна до полуфиналето на Мајами во 2019. Српскиот тенисер по осми пат во кариерата ќе се натпреварува за финалето на Флорида. Тој го продолжува патот до рекордната седма титула на овој турнир, откако моментално е изедначен со Андре Агаси со шест.
Тој исто така помести уште една граница – бидејќи ќе игра во своето 79. полуфинале на Мастерс турнир. Србинот веќе го остави зад себе Рафаел Надал, кој има 76.
Следен противник ќе му биде Григор Димитров. Двајцата ќе се сретнат вечерва во 20 часот.
Во меѓусебните дуели Србинот води со 12-1. Бугаринот единствената победа ја постигна уште во 2013 година на Мастерсот во Мадрид.
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
